петък, април 07, 2006

Тоа не може да биде!

Собранието се извинява на жертвите на комунизма! Май наистина вече нещата се променят в Македония.. По-долу текста от Време:

Жртвите на комунизмот добија морална сатисфакција

Државата доби обврска да создаде законски основи за утврдување на поединечните случаи на репресија врз граѓани и услови за сатисфакција за сторените неправди во периодот од 1945 до 1991 година, откако Собранието завчера ја донесе Декларацијата за извинување на жртвите за време на комунизмот.

Предлогот на пратеничката група на ЛП го поддржаа 53 од присутните околу 65 пратеници, а против бил само Тома Глигориевски од ЛДП. Другите либералдемократи се воздржале од гласање или не биле присутни на седницата. „За“ гласаа повеќето пратеници од СДСМ, кои ги повлекоа сите амандмани, иако претходно најавуваа дека ќе ја поддржат декларацијата само ако се прифатат нивните забелешки со кои суштински ќе се изменеше основниот текст.

Со оваа декларација Собранието им се извинува на граѓаните, како и на нивните семејства, на кои до првите повеќепартиски избори во 1990 година им е нанесена неправда и кои се осудени без основа и без докази, без правна постапка или со нејзино прекршување. Затоа Собранието се залага евиденцијата за сите преземени мерки на репресија, која се води во МВР, да им се стави на располагање на онеправданите граѓани или на нивните семејства, застапници, Министерството за правда, јавниот обвинител и на судовите. Собранието укажа и дека на овие субјекти треба да им се стават на увид архивите на КПМ и на СКМ, за полесно да се расветлат случаите на репресија.

Ганка Самоиловска-Цветанова од ВМРО-ДПМНЕ рече дека со декларацијата ќе им се оддаде должна почит на сите жртви, а особено на оние што биле осудувани за самобитноста на Македонија.

Киро Дојчиновски од СДСМ најави дека неговите сопартијци ќе ја поддржат декларацијата, но според листингот, самиот тој се воздржал од гласање. Дојчиновски посочи дека ЛП ја поднела истата декларација пред 10 години, но дека оттогаш се промениле многу работи. Тој додаде дека сега сите досиеја се достапни.

- Во првите години македонскиот народ сакаше да ја гради својата држава и веројатно се правеле грешки, но имало и воени профитери и соработници со фашистите што морало да бидат судени - додаде Дојчиновски.

Не гласал ниту Љубисав Иванов од СПМ, кој оцени дека треба да се осуди режимот во десетината повоени години, кога Македонија немала сопствени институции, па режимот бил југословенски, а не македонски.

- Декларацијата требаше да се донесе во присуство на целата Влада и на претседателот. Со неа се извинуваме ние, но и тие што осудувале и прогонувале - рече Блаже Стојановски од ВМРО-НП. Тој нагласи дека се залага за донесување резолуција со обврзувачки карактер, која би ги опфатила и оние што не ја прифаќаат декларацијата, како што се членовите на Сојузот на борците.

А. М. М.

Наистина, Буки, интересно време!

Няма коментари:

Споделените неща на Комитата

Виж какво споделям , заслужава си повече от това, което пиша. (старите споделени неща)