четвъртък, април 13, 2006

Баба Мара мирца на 80 години

Копирам този текст, заради общочовешкото му значение...

Оригиналния текст
Баба Мара мирца на 80 години
Навечер Мара Митревска се конектира на Интернет и останува будна до доцна (късно) во ноќта, за да полафи со своите најблиски во Европа и во Австралија
Осумдесетгодишната Мара Митревска секоја вечер излегува од информативниот мрак во битолското село Гермијан и преку Интернет виртуелно патува кај своите блиски во Европа и во Австралија. Таа на стари години одлучила компјутерски да се описмени, за преку мирцање да полафи со своите најблиски роднини во странство. Старицата останува будна до доцна во ноќта, за преку Интернет да допре до Австралија. Мирца за да разбере како течат подготовките за свадбата на нејзината 27-годишна внука, која во животот ја видела само на слика.

- Господ да му даде здравје на тој што го измисли ова чудо. Компјутерот ми е единствениот начин да бидам постојано во врска со син ми Владо и снаата Севда, кои пред 28 години заминаа во Сиднеј, Австралија. Од тогаш ниту дошле да ме видат ниту јас сум отишла кај нив. Сега ќе ја мажат внука ми Кристина, а јас наместо да и' заиграм на свадба, и' испраќам честитки преку Интернет - низ солзи раскажува старицата.

Таа користи Интернет и за да биде во контакт со двете ќерки, Драгица и Јагода, омажени во Шведска. Единствениот син Славко, кој од семејството Митревски остана во Македонија да ја догледа старата мајка, не можејќи да ја гледа како тагува по чедата распрскани низ светот, одлучил (решил) да и' купи компјутер. Старицата првпат почнала да „четува“ пред четири месеци. Почетничките компјутерски потези ги направила со помош на помладите гермијанци, кои докажаа дека компјутерот и Интернетот не се баук дури и за 80-годишна старица.

- На Интернет сум поврзана преку телефонска жица и секој месец од пензијата издвојувам околу 500 денари за да го платам овој луксуз. Но, воопшто не жалам за парите, оти ова ми е единствен начин да бидам блиску до своите пред да заминам на оној свет - вели баба Мара.

Најверојатно таа е единствената старица низ македонските села што ги ползува современите технолошки откритија во комуникацијата. Од над 30 илјади жители на битолските села, помалку од илјада имале искуство со компјутер. Тоа претежно се деца и млади, кои компјутерската технологија ја изучуваат на училиште, а кога ќе се вратат дома немаат каде да го повторат наученото. На прсти можат да се избројат куќите што имаат компјутер и се поврзани на Интернет. Од десетина селски училишта, само во две компјутерите им се достапни на учениците за време на часовите, а потоа се под клуч. Во селата нема ни интернет-клубови.

Статистиката говори дека Македонија е една од државите во кои најслабо се користи Интернет. Најголемиот дел од македонското население е информатички неписмено, односно помалку од 10 отсто се служат со овој медиум. Просечната цена за едночасовна интернет-услуга изнесува околу 60 денари. За македонските селани. кои просечно заработуваат по седум илјади денари, парите за сурфање и за мирцање се луксуз и беспотребен трошок.

Владата вети дека за една година од воведувањето на безжичниот Интернет, високите цени за користењето на оваа услуга ќе бидат минато. Се очекува новите поволности во Македонија, земја со печалбарска традиција, да им овозможат и на другите жители, како баба Мара, да разговараат на Интернет без да се плашат дека ќе им изгори џебот.

Няма коментари:

Споделените неща на Комитата

Виж какво споделям , заслужава си повече от това, което пиша. (старите споделени неща)